Сите фудбалери на Ливерпул добија забрана од тренерот Клоп

Европскиот првак Ливерпул ги привршува подготовките за новата сезона, а тренерот Јирген Клоп се реши да им даде една интересна забрана на сите играчи.

„Никој од играчите не смее да зборува за освоената титула во ЛШ од минатата сезона.Тоа е веќе минато, а ние мора да се фокусираме на тоа што следи. Сега треба да испишеме нова историја. Ќе бидам среќен ако ја повториме играта и формата од ланската сезона, иако знам дека има уште место за подобрување. Многу е важно да се држи висок ритам во текот на целата сезона“, рече Клоп.

Ливерпул речиси воопшто не е активен во летниот преоден рок. Засега на „Енфилд роуд“ е пристигнат само еден играч. Дојде Сеп ван дер Берг од холандски Цволе за сума од 1,7 милиони фунти. До крајот на подготовките, Ливерпул ќе одигра уште два меча и тоа против Наполи и Лион, а потоа ќе ги очекува меч за освојување на првиот трофеј сезонава.

На 4 август, Ливерпул ќе игра во Комјунити шилд против англискиот првак Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести