Сара Дуке е најпознатата фудбалска професорка по јазици, а привлече внимание и со својата појава на „Маракана“ во Рио де Жанеиро за време на мечот помеѓу Бразил и Аргентина.
Убавата Сара е родена пред 29 години во Португалија, а зборува португалски, англиски, шпански, германски, француски и таа е задолжена за Јужноамериканците кои доаѓаат во англиската Премиер лига што побрзо и подобро да го научат англискиот јазик.
Најнов нејзин ученик е Хулијан Алварес од Манчестер сити, а од фотографиите во минатото може да се види дека ги учела и Ришарлисон, Артур Мело, Туанзебе и други познати фудбалери.
Таа не помага само околу англискиот јазик, го учела и младиот Ендрик да зборува шпански и следното лето подготвен да дојде во Мадрид, кога ќе почне за игра за Реал.