Сите ги чекаа дуелите Пепе против Алиоски, Артета ја расипа забавата

Микел Артета барем на почеток не дозволи да има нови дуели меѓу Николас Пепе и Езџан Алиоски и го остави на клупата за резерви францускиот интернационалец пред новиот дуел меѓу Арсенал и Лидс.

Езџан Алиоски е стартер кај Лидс, а неговиот дуел со Пепе на претходниот меч меѓу Лидс и Арсенал беше во фокусот. Пепе беше исклучен, откако го удри Алиоски со глава, а и сега со нетрпение се очекуваа нивните нови дуели.

Пепе против Алиоски и нивните нови дуели денеска од 17.30 часот во најава беа меѓу најкоментираните содржини на социјалните мрежи и особено во англиските медиуми.

Имаше и шеговити коментари на сметка на двајцата играчи, но барем на почетокот на мечот Артета ја расипа забавата за фудбалските фанови, оставајќи го Пепе на клупата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести