Сите ги интересира што си кажаа: Меси прозборе за контроверзната сцена со Левандовски

Лионел Меси и Роберт Левандовски беа во центарот на вниманието по завршувањето на дуелот меѓу Аргентина и Полска. Капитените на двата тима имаа малку подолг разговор, а тоа сигурно беше објаснување за ситуацијата која се случи во текот на мечот, кога Левандовски го фаулира Меси, а потоа Полјакот кога сакаше да му се извини на противникот, Лео едноставно не му подаде рака.

Двајцата капитени зборуваа по мечот, но никој не знае што точно си кажаа. На прес-конференцијата Меси само рече дека тоа што се случува на теренот, треба да остане на теренот.

„Детали од дуелот со Левандовски? Ме научија дека сè што се случува на теренот, таму треба и да остане. Иста е ситуацијата и со тоа што се случува во соблекувалната. Ништо лошо нема да слушнете од мене“, рече Меси.

За разлика од Меси, Левандовски воопшто не ја коментираше спорната ситуација со Аргентинецот.

„Знам дека наредниот меч исто така ќе биде многу тежок како што беше и овој. Убеден сум дека можеме да одиграме многу подобро, посебно во фазата на напад“, рече Левандовски по дуелот со Аргентина.

 

- Оглас -

Најнови вести