Сите го чекаат трансферот на Мбапе во Реал, а тој откри дека навива за тим од Италија

Килијан Мбапе на 30 јуни ќе стане слободен играч затоа што тогаш и официјално ќе му истече договорот со Пари Сен Жермен. Иако уште нема ништо потврдено, сите чекаат Мбапе ова лето да го облече дресот на Реал Мадрид.

Францускиот голгетер во ПСЖ беше еден од најплатените фудбалери во светот. Добиваше неверојатни бонуси за верноста, плус бонуси по секоја измината сезона. Сепак, тој реши дека е време да си замине од францускиот првак, а сите чекаат неговиот следен клуб да биде Реал Мадрид.

Интересен беше коментарот на Мбапе за италијанскиот фудбал, а откри и дека неговиот омилен клуб од времето кога бил дете е од Серија А. Тоа е италијанскиот Милан.

„Италијански фудбал? Никогаш не се знае. Секогаш сум зборувал дека ако одам во Италија, тоа ќе биде во Милан. Како дете го гледав секој меч на Милан и бев жесток навивач. Целата моја фамилија навиваше за Милан“, рече Мбапе.

- Оглас -

Најнови вести