Шокантен пресврт – Сите го жалеа кога се разведе со Ванда Нара, а тој е виновникот и бил безмилосен

Макси Лопес бил единствениот виновник за разводот со атрактивната Ванда Нара, иако во јавноста се создаде сосема поинаков впечаток, па Аргентинецот навидум беше жртвата во љубовниот триаголник со некогашниот најдобар пријател Мауро Икарди, открива новинарот Луис Вентура.

Вентура објави дека Лопес честопати излегувал со други жени во текот на петгодишниот брак со атрактивната убавица, па дури бил и безмилосен и организирал оргии додека Ванда била присутна во нивниот дом.

„Бесрамно носеше други жени во семејната куќа. Знаеше дека Ванда е тука и сепак го правеше тоа со намера. Само Макси е виновен за распаѓањето на нивниот брак“, објави Вентура.

Тоа, според Вентура, траело сè до моментот кога убавицата веќе не можела да ги поднесува испадите на Лопес, па со бејзбол палка му уништила неколку автомобили.

Потоа Нара одлучила да замине во прегратките на Мауро Икарди, кој му беше најдобриот пријател на Макси Лопес, и оттогаш двајцата аргентински фудбалери не разговараат меѓу себе.

Ванда Нара сега најави дека ќе се разведе и од Икарди, откако двојката која има две деца е постојано во кавги во последно време.

Атрактивната сопруга на Икарди има и три деца со Макси Лопес.

 

 

- Оглас -

Најнови вести