Сите големи играчи одат во Реал, но Мбапе засега нека остане во мојот тим

Серхио Рамос по 16 години, започна нова авантура во француската престолнина, во наредните две сезони ќе ги брани боите на ПСЖ. Таму повторно ќе игра со Кејлор Навас и Ашраф Хакими, соиграчите од Реал Мадрид, а поранешниот капитен на Кралевите одговараше на прашања токму поврзани со 13-кратниот европски првак.

Рамос вели дека сите големи играчи треба да играат за Реал, одговор кој се однесуваше на Килијан Мбапе.

„Врв на кариерата на сите големи фудбалери е да заиграат за Реал Мадрид, но јас би сакал Килијан да остане во мојот тим засега. Секој има право на свој избор за доброто на неговата кариера, така што не можам да одговорам во негово име. Јас сакам да играм покрај сите најдобри фудбалери на светот, а Мбапе е еден од нив. Исто така сум возбуден што сум во ист тим со Нејмар, со кого се сретнав безброј пати во дуелите на Ел Класико“, вели Рамос.

На прашањето дали Серхио би славел гол против Реал доколку се сретне во Лигата на шампионите, Рамос вели дека нема шанси.

„Реал е мој клуб и ќе го носам во срцето додека сум жив. Не би можел да им го направам тоа на фановите, не заслужуваат, ниту победа не би славел против најдобриот фудбалски клуб во историјата“, додаде 35-годишниот стопер.

- Оглас -

Најнови вести