Сите ќе играат за Коби

Филаделфија севентисиксерс – Голден стејт вориорс (01ч)

Во родниот град на Коби Брајант гостува актуелниот вицепрвак. Голден стејт ќе се обиде да го искористи хендикепот на Сиксерс со неиграњето на Џоел Ембид. Меѓутоа, Филаделфија има одличен биланс на домашен терен од 21-2 и воедно е во серија од седум победи пред свои навивачи.

Воините имаат сосема спротивен учинок на гости, во тој аспект се најслаби во целата лига и имаат само три победи од вкупно 23 гостувања. Двете екипи за првпат сезонава ќе ги одмерат силите, а веројатно на Голден стејт ќе им заврши серијата од седум последователни гостински победи во Филаделфија, знаејќи дека во составот ги нема главните ѕвезди Кари и Томпсон.

Предлог тип: 1 & >213,5 поени (2.10)

 

Торонто репторс – Атланта хокс (01:30ч)

Торонто фати победнички ритам по враќањето на Сијакам на терените, а Атланта може да биде осмиот тим против кого шампионот ќе оствари победа во низата. Рептилите исто така планираат да останат непоразени и во четвртата последователна средба против Хокс, додека во претходните три редовно реализираа 119 или повеќе поени.

Дента кога се дозна за смртта на Коби Брајант, Тре Јанг одигра феноменално против Вашингтон и заврши со високи 45 поени, а токму од него ќе доаѓа најголемата закана кон кошот на домаќините. Иако Јанг веројатно повторно ќе блеска во чест на неговиот идол, еден играч не може сам да го совлада актуелниот првак.

Предлог тип: Т1 >123,5 поени (1.97)

 

Мајами хит – Бостон селтикс (02ч)

Во директна битка за третото место во Источната конференција, тимот против кого Коби Брајант го освои петтиот и последен шампионски прстен во кариерата ќе се обиде да оствари двојна победа против Жешките од Флорида. Сепак, Мајами е еден од тимовите кои ретко дозволуваат пораз на домашен терен, а сезонава само двапати ја разочараа својата публика.

Уште поголем проблем за Бостон е фактот што претрпи пораз на четири од последните пет меча на гости, па ако традицијата проработи за двете страни, логично е да се очекува победа на екипата која ја предводи Ерик Сполстра. Прашањето е дали Џими Батлер сам може да се спротивстави на динамичното трио Вокер, Браун Тејтум.

Предлог тип: >216,5 поени (1.75)

 

Јанис Адетокумбо (Милвоки бакс – Вашингтон визардс, 02ч)

Најкорисниот играч во Лигата за минатата сезона летово работеше на својот шут од дистанца, а за да ја подобри својата слаба точка, се обрати кај најдобриот. Јанис токму со Коби работеше пред почетокот на сезоната и може да се каже дека е едно ниво поопасен од лани. Иако е далеку од реализацијата која ја посакува, Адетокумбо ноќеска ќе се потруди да го покаже своето најдобро издание и да блесне во чест на неговиот ментор.

Во првата овосезонска пресметка на Милвоки и Вашингтон, Елените целат на деветти триумф во низа, односно трет против Магионичарите. Ланската пресметка во Милвоки заврши со високи 184:129 во корист на домаќините, а Јанис реализира 43 поени на таа средба.

Предлог тип: J. Адетокумбо >29,5 поени (1.87)

 

Лука Дончиќ (Далас маверикс – Феникс санс, 02:30ч)

Коби беше идол на многу кошаркари, и не само на кошаркари, туку и на спортисти од секоја сфера. Ноќеска ќе ги одмерат силите двајцата играчи кои го гледаат легендарниот Езерџија како нивен ментор и пример како да се успее во динамичниот спорт и тоа во најатрактивната лига во светот.

Дончиќ против Букер, се очекува шутерско шоу на двете ѕвезди на Далас и Феникс, иако во овие моменти не им е до играње поради трагедијата. Барем се знае дека мечот ќе биде возбудлив бидејќи двата тима се во турбулентна форма и потребна им е победа. Маверикс сезонава веќе славеа против Сонцињата, и тоа среде Аризона, мечот во кој Дончиќ реализира 42 поени и 11 асистенции, а му недостасуваше еден скок за трипл-дабл учинок.

Предлог тип: Л. Дончиќ >30,5 поени (1.87)

 

- Оглас -

Најнови вести