21.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Сите математики за Лигата на шампионите, неколку тимови вечер може да обезбедат осминафинале

Ајакс, Баерн, Јувентус и Ливерпул уште во претходното коло осигурија осминафинале во фудбалската Лига на шампиони, а вечерва може да им се приклучат уште неколку тима.

Барселона со победа против Бенфика вечерва ќе осигури пласман меѓу 16-те најдобри, најверојатно како втора во својата група затоа што на Баерн му треба само еден бод во Киев против Динамо за запечатување на првата позиција. Баерн е сигурно прв ако Барселона не ја совлада Бенфика. Португалците со пораз вечерва ги губат шансите за осминафинале, но остануваат во игра за преселба во Лигата на Европа. Динамо Киев со пораз речиси сигурно ќе биде последен во групата.

Многу е интересно во групата Ф. Таму Манчестер јунајтед може да оди понатаму ако слави кај Вилјареал или ако одигра реми, но нерешено да заврши и другиот меч од групата помеѓу Јанг бојс и Аталанта. Вилјареал оди во осминафинале со победа над Манчестер и Аталанта да не победи во Швајцарија. Бергамаските само со победа си ги задржуваат шансите, а тоа важи и за Јанг бојс.

Пласман во осминафинале вечерва може да прослави и Салцбург. На австрискиот тим му треба победа на гостувањето кај Лил. Волфсбург и Лил вечерва ниту можат да обезбедат осминафинале, ниту да ги загубат шансите, за нив последното коло е пресудно. Севилја ако загуби од Волфсбург, се збогува со осминафинале, но може да оди во нивната омилена Лига на Европа.

Во групата Х се игра дербито на вечерта, Челзи го пречекува Јувентус. На Јуве му е доволен и бод за запечатување на првата позиција. Сините од Лондон и со бод се осминафиналисти или ако Зенит не го победи Малме. Рускиот тим останува со шанси само ако го победи Малме и ако Челзи загуби од Јувентус. Малме нема ни теорија за осминафинале, но може да се бори за продолжување во Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести