Сите мечеви во Серија А може да се одиграат во само четири града

Италија уште се бори со пандемијата на Коронавирусот. Оваа земја е најпогодена во Европа од опасниот вирус, но според најавите, во следниот период ќе почнат мерките за олабавување и полека подготвување за враќање во нормален живот.

Фудбалското првенство речиси еден и пол месец е во прекин, а најавите се дека нема да продолжи барем уште еден месец. Уште не е дефинирано како и кога ќе продолжи Серија А, а има неколку предлози. Како еден од последните предлози е и тоа, целото првенство да се доигра во само четири града.

Се предлага, домаќини на мечевите да бидат Фиренца, Рим, Неапол и уште еден град, кој дополнително треба да се одреди. Ломбардија е областа која е најпогодена од Коронавирусот во Италија. Во опасната област се клубовите на Јувентус, Торино, Бреша, Аталанта, Милан и Интер и таму е најопасно да се игра.

Каде и да се одлучи да се играат натпреварите, тие сигурно ќе бидат без присуство на публика. Во Серија А има да се одиграат уште дури 12 кола. Моментално Јувентус е лидер на табелата, пред Лацио и Интер кои се единствени ривали на Старата дама во трката за Скудетото.

- Оглас -

Најнови вести