Сите му се смеат: Обложувач одиграл дека Аргентина ќе стане светски шампион, но во друг спорт (Фото)

Обложувач стана предмет на потсмев на фудбалските фанови ширум светот откако наместо в недела да навива за Аргентина против Франција во финалето на Светското првенство, се обложил на погрешен спорт.

Тој се обложил дека Аргентина ќе биде светски шампион, но направил грешка поради која сите му се смеат, наместо на фудбалерите, тој се обложил на рагбистите.

„Мојот пријател мислеше дека Аргентина ќе триумфира на Светското првенство. Ми се причини дека квотата е преголема за да биде вистинска, но потоа откривме дека тој се обложил дека Аргентина ќе биде светски шампион во рагби“, напиша на „Твитер“ пријател на навивачот кој се обложил на погрешен спорт.

За да биде маката поголема за обложувачот, Светското првенство во рагби ќе се одржи во октомври идната година, а Аргентина речиси и да нема шанси за трофејот во конкуренција на Нов Зеланд, Австралија, Франција, Англија…

На социјалните мрежи го задеваат навивачот велејќи му дека в недела нема да има потреба да се нервира како што беше во четвртфиналето и дуелот на Аргентина со Холандија, кога победникот беше одлучен во пенал-рулетот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести