Динамо Загреб победи со 3:1 на гости во Сплит против Хајдук, во дуел на најголемите ривали во хрватскиот фудбал. Со оваа победа Динамо е нов лидер на табелата, а Хајдук веќе не е во позиција сам да одлучува за титулата.
Освен возбудувањата на теренот, имаше ногу драматични моменти пред почетокот на мечот, кога навивачите на двата клуба направија големи нереди. Полицијата уапси повеќе од 150 навивачи на двата тима, а една сцена беше посебно вирална. Тоа беше кога полицаец со лисици на рацете спроведува еден навивач, но навивачот во еден момент успеа да му избега.
Полицаецот проба да потрча за да го стигне, но по само неколку метри се откажа. Многумина го исмејаа полицаецот дека не е подготвен да го фати навивачот кој избега, но дел од медиумите откриваат која е причината за ваквиот расплет.
Полицаецот имал долготрајни здравствени проблеми со коленото кое неколку пати му било оперирано. При обидот да го фати навивачот, полицаецот повторно почувствувал голема болка во коленото, па на крајот дури завршил и во болницата во Сплит.