Сите навивачи на Левски се ослободени, на реваншот во Софија нема да има гостински фанови

Навивачите на Левски кои синоќа беа приведени во полициска станица поради нередите што ги направија пред мечот против Шкупи во Скопје се пуштени на слобода. Сите оние кои беа приведени, ќе треба да платат парична казна од 18.000 денари, а откако ќе ја платат казната, ќе може и да си заминат од Македонија. На дел од медимите се појави видео на кое гостинските навивачи по мечот заеднички собираат пари за да ги платат казните кои ги заработија приведените.

Неколку инциденти имаше синоќа пред мечот кој УЕФА го прогласи дека е од висок ризик. Дел од бугарските навивачи дивееја пред влезот на стадионот, а еден дел од гостинските навивачи биле нападнати додека поминувале низ Чаир.

По сите овие немили настани, од УЕФА стигна најава дека на реваншот во Софија нема да биде дозволено патување на гостински навивачи, што значи дека Шкупи нема да има поддршка од своите навивачи на реваншот.

Левски победи со 2:0 во Скопје и е на прагот од третото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести