Дури 11 НБА-мечеви има во ноќната понуда за сите оние кои ја обожаваа кошарката во најсилната лига во светот. Од тие 11 дуели, дури шест делуваат како „сигурици“, и тоа сите треба да бидат победи на домаќините во мечеви каде што квотата „кец“ е максимум 1.55.
Има и неколку средби за кои се очекува многу поголема неизвесност, но за добрите познавачи на НБА-приликите, не треба да е проблем да се најдат вистинските парови од 11 натпревари.
Секогаш тука е и понудата за кошаркарите, односно да се типува на „плус-минус“ поени. Донован Мичел, кој е предводник на Кливленд, е на „граница“ од 26,5 поени, додека ако сака Адетокумбо да биде во „плус“, мора да постигне барем 30 поени.
Еден поен помалку од Адетокумбо е границата на Татум, кој е на 28,5 поени, а најмногу поени за да бидат во плус треба да дадат Лука Дончиќ, Леброн Џејмс и Гилџус-Александер од Оклахома. Вкупно 39 кошаркари има во оваа понуда.