Сите ние сме Стефан Ристовски, плачеме за Пандев (фото)

Македонија попладнево (18 часот) во Амстердам ќе го одигра последниот меч на Европското првенство, а ќе се соочи со фаворитот од групата Ц и домаќинот Холандија.

За целата нација ќе биде емотивен натпревар бидејќи ќе го гледаме капитенот Горан Пандев како за последен пат игра во националниот дрес. Емоциите не се присутни само кај фановите и сите кои ќе го следат дуелот преку малите екрани, туку владеат и во самиот тим на Македонија.

Стефан Ристовски, заменик капитен, е еден од оние кој не може да прифати дека за последен пат ќе игра покрај бате Горан, но Пандев е тука да го утеши.

 

 

- Оглас -

Најнови вести