Со трите денешни средби од плејоф рудната, ќе се дознаат сите учесници во групната фаза за новата сезона во Лигата на шампионите. Утрешниот ден е наменет за ждрепката која ќе се одржи во Монако во 18 часот, а покрај извлекувањето на учесниците, ќе се доделуваат и индивидуалните награди на УЕФА за најдобрите од минатата сезона.
Како што е познато, тројцата фудбалери кои конкурираат за наградата за најдобар играч за сезоната 2018/19 се Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Вирџил Ван Дајк. Тие добија најмногу гласови од 80 тренери и 55 новинари кои имаат можност да гласаат, и сосема заслужено се најдоа во топ 3.
Ќе се доделуваат и наградите за најдобар голман, дефанзивец, играч за врска, напаѓач инајдобра фудбалерка а ова се сите номинации:
Голмани: Алисон Бекер, Уго Лорис и Марк Андре Тер Штеген
Дефанзивци: Трент Александер Арнолд, Вирџил Ван Дајк и Матајс Де Лихт
Играчи за врска: Френки Де Јонг, Кристијан Ериксен и Џордан Хендерсон
Напаѓачи: Садио Мане, Лионел Меси и Кристијано Роналдо
Најдобра фудбалерка: Ада Хегерберг, Луси Бронз, Амандине Анри
Воедно, познати се топ 3 номинираните фудбалери за играч на сезоната во Лигата на Европа, награда која ќе се доделува во петочната ждрепка за групната фаза од ЛЕ, а тоа се Оливие Жиру, Еден Азар и Лука Јовиќ.