Екипата на Њукасл се засили со младиот австралиски играч Гаранг Куол. Иако од Чавките сите очекуваат купувања на мегаѕвезди со оглед на тоа дека се најбогатиот клуб во светот, тие изненадија со овој трансфер.
Станува збор за 18-годишен играч којшто настапува за екипата на Сентрал коуст маринерс во А-лигата. Напаѓачот на осум средби има постигнато четири погодоци, а годинава успеа да дебитира и за најсилната селекција на „сокеросите“.
Дали ова е добар маркетиншки трик на Њукасл за да ја зголеми популарноста во Австралија или стварно станува збор за квалитетен напаѓач кој може да игра во Премиер лигата, времето ќе покаже.