Сите останаа збунети од потегот на вечерта што го изведе Јокиќ, Дончиќ броеше до 49 поени (Видео)

Најкорисниот кошаркар во НБА лигата, Никола Јокиќ и во новата сезона продолжува да воодушевува со своите игри и потези. Српскиот центар го предводеше Денвер во нова победа и тоа на гости кај Мемфис од 108:104.

Јокиќ беше најдобар на теренот и заврши со 22 поени, 12 скока и седум асистенции. Токму една од тие седум асистенции е потегот на вечерта во НБА лигата. Јокиќ застана да изведе аут од својата половина, а само што ја доби топката веднаш ја исфрли преку целиот терен. Додека сите противнички кошаркари останаа збунети што прави Јокиќ, на спротивната страна Арон Гордон атрактивно заби со цепелин.

https://twitter.com/i/status/1718069916119548138

Незадржлив беше и Лука Дончиќ кој постигна 49 поени. Словенецот имаше и 10 скока и седум асистенции, а неговиот Далас победи со 125:120 против Бруклин. Кошгетерски расположен беше и Стеф Кари кој постигна 41 поени во победата на Голден Стејт на гости кај Сакраменто.

Првиот пик на драфтот, Виктор Вембањама стигна до својот прв дабл-дабл во НБА кариерата. Францускиот центар имаше 21 поени и 12 скока во победата на Сан Антонио против Хјустон од 126:122.

Резултати: Шарлот – Детроит 99:111, Мемфис – Денвер 104:108, Атланта – Њујорк 120:126, Бостон – Мајами 119:111, Кливленд – Оклахома 105:108, Чикаго – Торонто 104:103 по продолжение, Сан Антонио – Хјустон 126:122 по продолжение, Далас – Бруклин 125:120, Јута – ЛА Клиперс 120:118, Портланд – Орландо 97:102, Сакраменто – Голден Стејт 114:122.

- Оглас -

Најнови вести