11.8 C
Skopje
среда, 24 септември 2025

Сите пет квоти на денот се поголеми од 2.00, заедно прават коефициент близок до 50

Петте Квоти на денот кои  денеска ги предлага Sport Life прават вкупна квота од 46.78, а поединечно сите пет се поголеми од 2.00 и за тие игри, ова се најголемите квоти кои може да се најдат во нашите обложувалници.

Прв меч во понудата е Анкарагучу – Трабзонспор, дуел од турската лига за кој ви се нуди квота од 2.05 за играта дека во прво полувреме ќе има гол, а на крајот на средбата ќе бидат постигнати барем три погодоци.

И вториот предлог е со квота 2.05, но играта и првенството се различни. Станува збор за средбата Спарта Ротердам – Твенте од холандската лига, а квотата на денот се однесува на играта дека во двете полувремиња ќе паднат од еден до три гола.

Одлична квота која е реално да се оствари е онаа од 2.20 за мечот на двете Борусии во Бундеслигата. Треба двата тима да дадат гол, а гостите од Дортмунд да постигнат два или повеќе погодоци.

Емполи не би требало да загуби дома од Кремонезе, кој уште не знае за триумф сезонава, а ако Кремонезе не победи и има 2-4 гола на овој меч од италијанската Серија А, ете погодена квота од 2.20.

Последната петта квота е најголема. За мечот Лион – Ница се предлага да одиграте на победа на домашните и да падне гол во второто полувреме. Квотата за оваа игра е 2.30.

- Оглас -

Најнови вести