Пет привлечни фудбалски натпревари се во понудата на Sport Life со Квотите на денот, а вкупниот коефициент за петте предлози заедно изнесува 63.54.
За премиерлигашките мечеви Лестер – Астон вила и Борнмут – Брајтон, квотите се по 2.15, но за различни игри.
За мечот во Лестер, квотата на денот ја добивате ако Лисиците не загубат, а притоа на дуелот паднат од два до пет гола.
Брајтон да слави во меч на кој ќе има барем еден гол во првото полувреме е комбинацијата која може да ви донесе добивка.
За дербито на ранетите лавови Челзи и Ливерпул, предлогот е да типувате дека двата тима ќе дадат гол и дека ќе има гол во двете полувремиња. Квoтата во Sport Life за ова сценарио е 2.35.
Јувентус да не загуби дома од Интер во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија, а да има гол во прво полувреме, е комбинација која носи квота 2.25 и исто така вреди да се проба.
Последниот предлог нуди и најголема квота на денот од 2.60. За средбата од Купот на Шпанија помеѓу соседите Атлетик Билбао и Осасуна, предност им се дава на домашните, а ако верувате дека Билбао ќе постигне барем два гола, од кои најмалку еден мора да биде во првото полувреме, искористете ја големата квота.