Возбудувањата во НБА-лигата ќе продолжат со пет меча кои се закажани за полноќниот термин. Интересно е дека на сите средби кои се закажани има фаворизиран тим.
Орландо не треба да има никакви проблеми против една од најслабите екипи во лигата, Шарлот. Интересно е дека Орландо е единствениот домаќин кој ја има фаворитската улога, додека на останатите четири меча гостите се поблиску до триумф.
Хјустон треба да слави над Вашингтон, Њу Орлеанс има поголеми шанси за триумф на теренот на Бруклин. Далас, кој има пет победи во последните шест средби е фаворит против Сан Антонио.
Дербито е во Минесота, каде што ќе гостува Денвер. Ова е дуел на два тима коишто имаат ист биланс досега, по 47 победи и 21 пораз, и се во борба за врвот на Западната конференција.
Стандардно, тука е и понудата за бројот на поени на кошаркарите кои треба да бидат на паркетот.