Сите по 11 – Израел им се приклучи на Македонија и Словенија

Израел ја победи Летонија со 3:1 и остана со теоретски шанси за пласман на ЕП 2020 година и е во иста позиција како и Македонија и Словенија. Сите три репрезентации сега имаат по 11 бодови, пет помалку од второпласираната Австрија, која има два зицера за да ѝ се приклучи на Полска на шампионатот идната година.

Сепак, надежи сè уште постојат за триото што има по 11 бодови во нашата група, но Австрија мора да загуби од Македонија во Виена на 16 ноември и потоа да биде поразена од Летонија во Рига три дена подоцна.

Во фудбалот ништо не е невозможно, но реално е Австријците да бидат вториот патник на ЕП од нашата група. Ако се случат две големи чуда и ние ја победиме Австрија на гостински терен и потоа тие загубат во Рига, тогаш Израел ќе ни дојде на мегдан во Скопје, во меч што за нас би значел историја.

Во таква, речиси неверојатна варијанта, Македонија со победа би одела на ЕП бидејќи во секој случај би имала повеќе бодови од Израел и би била подобра од Словенија и во случај на еднаков број бодови бидејќи имаме подобар меѓусебен скор.

 

- Оглас -

Најнови вести