1008 Манчестер ј. – Астон вила (15.00 часот)
Ова е битка за третото место во Премиер лигата, двата тима имаат ист број на бодови и се на трето и четврто место. Јунајтед е тим кој има поефикасен напад, но и прима повеќе голови од Вила. Двата тима загубија во минатото коло. Црвените ѓаволи дома имаат серија од четири победи по ред и тоа ги прави фаворити во ова дерби. Кај гостите ќе го нема Џејдон Санчо, затоа што во договорот за позајмица во Астон вила, стои дека тој не смее да игра против Манчестер. Астон вила четири и пол години нема победа на „Олд Трафорд“.
Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.08)
1307 Барселона – Севилја (16.15 часот)
За Барселона ова е генерална проба пред реваншот од ЛШ против Њукасл, и на свој терен е огромен фаворит против Андалузијците. Севилја има четири ремија во последните пет кола, но гостуваат кај тим кој има максимални 13 победи на 13 меча дома и прими само 6 гола на свој терен на тие 13 средби, а постигна дури 41. Есеноска Севилја ја разби Барса со 4-1, па Каталонците ќе имаат одмазднички мотиви. Севилја 24 години нема лигашка победа на „Камп ноу“.
Предлог тип: 1 & 2>1 (1.98)
1009 Ливерпул – Тотенхем (17.30 часот)
Тотенхем има пет порази по ред во Премиер лигата, се бори за опстанок, а на Ливерпул бодовите му требаат во битката за место во ЛШ и за подобрување на самодовербата пред реваншот со Галатасарај. Тотенхем прими барем два гола на секој меч во Премиер лигата од 7-ми јануари наваму, а последен пат кога не примија гол беше на 28-ми јануари, против Ајнтрахт во ЛШ. На последните четири гостувања на „Енфилд“, Тотенхем секогаш примаше барем четири гола. Поминаа 15 години од последната победа на Тотенхем во Ливерпул.
Предлог тип: 1 & 2-4 (2.25)
3008 Комо – Рома (18.00 часот)
Одличниот Комо има три победи по ред во Серија А, има ист број бодови со Рома, па ова е директна битка на два ривали кои бараат излез во Европа следната сезона, по можност во Лигата на шампионите. Двата тима имаат ист број на примени голови, но Комо е доста поефикасен. Римската Волчица има само едно реми на 14 гостувања сезонава, речиси два месеци нема победа како гостин. Комо дома има само два порази сезонава, но двата беа во 2026 година. Во декември во Рим беше 1-0 за Рома, но последниот пат кога се сретнаа на стадионот крај езерото, Комо победи 2-0.
Предлог тип: 1Х & 0-2 (2.12)
3009 Лацио – Милан (20.45 часот)
На Милан останувањето на второто место на табелата му е гарантирано, без разлика што ќе направи во Рим против Лацио кој е десетти, без многу шанси да се најде на место кое води во европските купови. Лацио е балансиран тим кој има 10 ремија и по девет победи и порази, додека Росонерите имаат немаат ниту еден пораз на гостински терен сезонава. Но, Милан во декември загуби од Лацио на „Олимпико“ во купот. Рабио е суспендиран и ќе фали кај гостите.
Предлог тип: Х било кога (1.77)

