6003 – Арсенал – Баерн Минхен (21:00)
Фудбалерите на Арсенал ја имаат фаворитската улога во дуелот против Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите пред сè, поради одличните игри во Премиер лигата, наспроти катастрофалните на Баварците во Бундеслигата. Она што е интересно за овие екипи, нивните три последни натпревари во Лигата на шампионите завршуваа со идентични 5-1 за Баерн Минхен, што би значело дека голови нема да недостасуваат вечерва.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.23)
6004 – Реал М. – Манчестер с. (21:00)
Реал Мадрид и Манчестер сити третпат по ред ќе играат во нокаут-фазата од Лигата на шампионите или четврти пат во последните пет години. Кралскиот клуб само еднаш успеа да го елиминира Сити, но сите натпревари беа ефикасни и на нив беа постигнувани помеѓу два и седум погодоци. Само на последниот натпревар не беше „гол-гол“, а тогаш Манчестер сити победи со 4-0 на домашен терен.
Предлог тип: 1-3I&1-3II (1.88)
1016 – Лидс ј. – Сандерленд (21:00)
Екипата на Лидс јунајтед е многу блиску до враќање во Премиер лигата и заостанува само два бода од лидерот и бод позади второпласираниот, но за да остане на тој курс, ќе треба да победи вечерва против Сандерленд. Гостите се во средината на табелата и веќе без можност ниту да напредува, ниту да назадува во опасната зона. Лидс на последните три натпревари одигра најмалку со три гола.
Предлог тип: 1 & 3+ (1.78)
1013 – Престон – Хадерсфилд (20:45)
Престон и Хадерсфилд се помеѓу оние екипи на чии натпревари во Чемпионшип дивизијата се постигнуваат најмногу голови. Домашните на 40 натпревари имаат 107 гола, додека гостите на 41 натпревар имаат 110 гола. Ефикасно беше и на последните три нивни меѓусебни пресметки на коишто имаше најмалку по три гола.
Предлог тип: 1+I и 1+II (1.81)
1015 – Милвол – Лестер (20:45)
Лидерот во англиската Чемпионшип дивизија, Лестер, гостува кај Милвол, кој со сите сили се бори да го задржи статусот и да не испадне. Двете екипи имаат свои амбиции и нерешено не би им одговарало, а головите се загарантирани кога играат овие две екипи. На последните два меѓусебни натпревари победуваа гостите со 2-3.
Предлог тип: 12 & 1+I (1.74)