Сите поранешни клубови му го честитаа роденденот на Роналдо, освен еден

Кристијано Роналдо вчера го прослави 34-тиот роденден, а со игрите кои ги покажува, Португалецот сигурно нема во скоро време да оди во пензија. По девет години поминати во Реал Мадрид, Кристијано минатото лето се реши за нов предизвик и потпиша за Јувентус.

Иако е во години кои се за ветеран во фудбалот, Роналдо е незадржлив. На последниот меч против Парма, Португалецот даде два гола, а имаше и една асистенција. Вкупно за 22 меча сезонава во Серија А, неговито биланс е 17 голови и седум асистеции.

Роналдо од Реал Мадрид си замина како најдобар стрелец во историјата на клубот. Даде 450 погодоци во вкупно 438 меча, што значи дека има неверојатен просек од над еден гол на меч. Со Реал се радуваше и на четири титули во Лигата на шампионите, а освои и многу други трофеи кои сега ги красат витрините на „Сантијаго Бернабеу“.

Сепак, сите овие успеси во минатото на Роналдо во Реал не беа доволни за Кралскиот клуб вчера да му го честита роденденот на својот поранешен играч. За разлика од Реал, сите останати клубови каде што има играно Роналдо му испратија честитка на Португалецот преку социјалните мрежи.

Инаку, за разлика од Нејмар, кој на истиот ден слави роденден и вчера направи забава за 500 луѓе, Роналдо роденденот го прослави со најблиските во еден ресторан во Торино.

 

 

- Оглас -

Најнови вести