Сите прашуваат дали Мбапе ќе игра, а Енрике имаше подготвено ист одговор

Пари Сен Жермен вечерва ќе гостува во Сан Себастијан против Реал Сосиедад во реванш-мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите, а главна тема е дали на теренот ќе биде Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на ПСЖ си оди од клубот на крајот од сезоната, тренерот Луис Енрике сè повеќе го остава Мбапе на клупата за резерви отколку што му дава шанса да биде на теренот.

Шпанскиот стратег ваквиот негов потег го објаснува со тоа дека ПСЖ мора да се навикнува на теренот да биде без Мбапе затоа што во блиска иднина тоа ќе биде и реалност.

На прес конференцијата пред денешниот меч против Сосиедад, Енрике беше „бомбардиран“ со прашања поврзани со Мбапе, а тој имаше спремено ист одговор за сите.

„Не можам да го слушнам преводот во слушалките. Повторно не го разбрав преводот. Не можам да го разберам преведувачот што зборува, многу е комплицирано. Слушам дека нешто го спомнува Мбапе, а кога се зборува за него, знам дека е комплицирано прашање“, беа најчестите одговори на Енрике, кој не сакаше да открие дали ќе му даде шанса на својот најдобар играч во првиот тим или ќе го остави на клупата за резерви.

- Оглас -

Најнови вести