Холандскиот репрезентативец Френки де Јонг е дел од Барселона уште од 2019 година, кога за 86 милиони евра направи трансфер од Ајакс. Неговиот актуелен договор истекува следното лето, а иако и од двете страни има расположение за продолжување, нов договор сè уште не е потпишан.
Условот на Барселона беше фудбалерот да го отпушти неговиот агент Али Дурсун, а Де Јонг тоа го направил денес и веднаш ја пронашол и неговата замена.
Новиот агент веќе стапил во контакт со раководството на Барселона и со спортскиот директор Деко, па наскоро се очекува и официјално потпишување на продолжувањето на договорот на 28-годишниот фудбалер кој има 178 настапи за Каталонците, со ефект од 14 гола и 15 асистенции.