Иако во текот на неделата Ињаки Вилијамс доживеа повреда на глуждот и беше најавено дека ќе го пропушти денешниот меч против за Атлетик Билбао, тој со својот настап ги демантираше сите.
Напаѓачот беше дел од стартниот тим и одигра 81 минута и со тоа ја продолжи неверојатната серија од 237 натпревари, но неговиот тим изгуби минимално и тоа на домашен терен.
Стрелец на единствениот гол беше довчерашниот играч на Барселона, Мартин Братвајт во 83-та минута.