Финалето на НФЛ-лигата, почпуларниот Супербол беше арена за парада на познати личности од различни сфери на животот.
Големата битка помеѓу Филаделфија иглс и Канзас сити чифс, која заврши со победа на Орлите во Њу Орлеанс, не је пропуштија многу познати фаци, меѓу кои бизнисмените Руперт Мардок и Џефри Лури, легендата на НФЛ, Том Брејди, пејачката Лејди Гага, актерите Кевин Костнер и Бредли Купер, раперот Џеј Зи, музичарот Пол Макартни, итн.
Во ВИП ложата беа и фудбалерите на Интер Мајами предводени од Лионел Меси.
Секако, присутна беше и популарната пејачка Тејлор Свифт, која немаше причини за задоволство бидејќи нејзиното момче Тревис Келси беше во поразениот тим, а можеби ова му беше и последен меч во кариерата.
За првпат во историјата присутен во живо на Суперболот беше и актуелен претседател на САД, а Доналд Трамп доби овации кога се појави на видеобимот за време на интонирањето на химната.
Crowd roars when Trump is shown during the national anthem. pic.twitter.com/vSmUbmgmP3
— Clay Travis (@ClayTravis) February 9, 2025