Сите сакаат вечерва да бидат во „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк, ќе се пишува НБА-историја

Бекот на Голден стејт вориорс, Стеф Кари, вечерва на гостувањето во легендарната арена „Медисон Сквер гарден“ во Њујорк има состанок со историјата на НБА. Сите очи ќе бидат вперени кон Кари, кој ако погоди две тројки, ќе стане најдобар тројкаш во НБА на сите времиња.

Реј Ален го држи рекордот со 2.973 тројки во НБА, а Кари има една помалку. Пеколниот шутер на Вориорс не би требало да има проблем да погоди две тројки и да стане рекордер во најпознатата сала во САД. Ако не се случи непредвидено, Кари уште до Нова година може да стане прв во историјата со 3.000 тројки во НБА.

Цените на билетите на овој меч пораснаа до „кров“. Дури и ако сакате да седите во најгорните редови, најдалеку од теренот, а најблиску до покривот на „МСГ“, ќе треба да платите речиси 500 долари.

- Оглас -

Најнови вести