Сите се чудеа каде тргна Мануел Нојер (Фото)

Една од причините зошто Мануел Нојер е еден од најдобрите голмани во Европа во последните неколку години е неговата способност да истрча надвор од шеснаесетникот и во вистински момент да прекине напад на противникот. Многупати се случило Нојер да реагира како трет стопер во тимот и на тој начин да успее да го спаси својот гол.

Освен инстиктот за навремено истрчување надвор од шеснаесетникот, тој има и одлична контрола на топката. Голем број играчи може да му подзавидат на репрезентативниот чувар на германската репрезентација. Нојер и вечерва на дуелот против Тотенхем ги покажа своите квалитети надвор од голот.

Пред крајот на првиот дел, Нојер тргна во напад, па во еден момент по тројца играчи на Баерн и на Тотенхем беа зад него.

https://twitter.com/YouungVersace/status/1204867141146742784

 

- Оглас -

Најнови вести