Лионел Меси беше стрелец на првиот гол во победата на Барселона против Динамо Киев, но капитенот на каталонскиот гигант доби критики поради еден краток видеоклип кој се појави, а беше дел од тој натпревар на „Камп ноу“.
Во тие неколку секунди од мечот се гледа како Андриевски, играчот за врска на Динамо Киев, доби топка на средината од теренот, а потоа тргна во напад. Андриевски буквално помина покрај Меси, а Аргентинецот немо го проследи и го остави да претрча покрај него.
Многумина го критикуваа Меси за незаинтересираност и дека едноставно веќе не го дава максимумот на теренот, но стигна и видеоодговор дека тоа не е така. Во второто полувреме по еден корнер на Барселона, Динамо Киев тргна во контранапад, а Меси во улога на дефанзивец истрча 60-тина метри за да го маркира противничкиот играч, и успеа во тоа. Веднаш потоа Лео ја доби топката и тргна во напад.
https://twitter.com/i/status/1324350449059794945