Сите се тепаат за Златната топка, легенда на Хајдук нема поим дека бил во конкуренција за наградата

Златко Вујовиќ, кој е една од легендите на Хајдук и поранешен стандарден репрезентативец на Југославија,се изненадил од информацијата дека бил на 19-тото место во изборот на најдобрите играчи на „Франс фудбал“ во трката за Златната топка во 1981 година, или точно пред четири децении.

Вујовиќ денеска во интервју за „Спортске новости“ дозна дека воопшто бил рангиран и освоил четири поени во изборот на „Франс фудбал“.

„Ме изненадивте. Значи имам поени во конкуренција за Златната топка. Искрено немав поим. Тогаш не читав весници, ме интересираше само теренот и фудбалот“, изјави Вујовиќ.

Потоа и се пошегува со прашање за новинарите на „Спортске новости“.

„Да не сте грешка, или можеби тој што гласал погрешил. Четири поени велите. Па јас би се радувал и за еден поен во таква конкуренција“, додаде Вујовиќ.

Во 1981 година апсолутно доминираа Германците и ги освоија првите три места.

Карл-Хајнц Румениге беше лауреатот и ја освои Златната топка, а зад него беа Пол Брајтнер и Бернд Шустер.

 

- Оглас -

Најнови вести