Сите спортисти од Јужна Кореја мора да одат на воена обука пред ЛОИ во Париз

Олимпискиот комитет на Јужна Кореја планира да испрати неколку стотици спортисти во центарот за воена обука на оваа земја со цел што подобро да се подготват за Олимписките игри кои ќе се одржат идната година во Париз.

Олимпискиот комитет на Јужна Кореја ги советувал сите спортски федерации да ги испратат спортистите кои се кандидати или веќе обезбедиле олимписка виза на тридневен камп на корејската морнарица во градот Поханг.

Според новинската агенција „Асошиејтед прес“, околу 320 спортисти вклучувајќи и жени се очекува да се појават во кампот на воената морнарица.

Во минатото, спорските федерации на Јужна Кореја барале од спортистите да поминат воена обука пред големите спортски натпреварувања, но ова е првпат Олимискиот комитет тоа да го препорача.

Воената обука треба да се одржи од 18 до 20 декември во Поханг.

Спортистите од Јужна Кореја се изземени од задолжителното служење на воен рок само ако освојат златен медал на Азиските игри или кој било медал на Олимписките игри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести