Финалето на Светското првенство покрај одличната игра на Аргентина и Франција, го одбележа и тускиот готвач Нусрет Гокче, кој е попознат како Салт Бае, кој по натпреварот „ги давеше“ и ги бркаше Гаучосите барајќи да се сликаат со него.
Буквално сите фудбалски фанови беа згрозени од однесувањето на Салт Бае, кој во одредени моменти дури и ги влечеше за дрес аргентинските фудбалери и им ја одземаше Златната божица од рацете.
Поради неговото арогантно однесување, турскиот готвач доби забрана да присуствува на финалето на Купот во МЛС-лигата во САД, ФИФА започна истрага против него, а на социјалните мрежи фановите почнаа да тераат мајтап со Салт Бае.
Популарниот спортски портал „Бличер рипорт“ по повод Божиќ објави сатирично анимирано видео во кое се гледа дека Салт Бае сè уште „го дави“ Меси.
It’s Christmas! 🎄 pic.twitter.com/Hr7h93GnT1
— B/R Football (@brfootball) December 25, 2022