Сите тестови во македонската селекција се негативни

На помалку од 24 часа до почетокот на првиот натпревар од Европското првенство меѓу Македонија и Словенија, добри вести за нашата селекција. На последното тестирање за корона-вирусот, сите во македонската селекција се негативни, што значи дека нема опасност некој ракометар дополнително да биде загубен пред почетокот на континенталниот собир.

Вкупно четворица ракометари, и тоа Митревски, Кизиќ, Ојлески и Младеновиќ беа позитивни пред патувањето во Унгарија и тие останаа во Скопје и сигурно нема да играат против Словенија.

За разлика од македонската селекција, во таборот на Црна Гора денеска имаше тројца ракометари со позитивни тестови, па на дуелот против Данска во првото коло нема да играат Шеваљевиќ, Мијушковиќ, Вујовиќ, а од претходно се знаеше дека нема да игра ниту Боживиќ, додека на клупата ќе го нема заразениот селектор Рогановиќ.

- Оглас -

Најнови вести