Сите во Баерн се плашат од „белградскиот Меси“

Баерн Минхен треба да ја има најлесната задача во првото коло од Лигата на шампионите, барем кога се работи за коефициентите. Германскиот првак на свој терен утревечер ќе игра против Црвена ѕвезда. Баерн е апсолутен фаворит за освојување на трите бода, но тренерот Нико Ковач и капитенот Мануел Нојер се претпазливи. Двајцата посочуваат дека посебно треба да се внимава на еден фудбалер на гостите, а тоа е Марко Марин.

„Погледнав многу мечеви на Ѕвезда, знам дека имаат одлични фудбалери. Ќе треба да им ја одземеме топката. Направив добра анализа. Марко Марин е нивниот главен играч. Знам дека го викаат „белградскиот Меси“ и дека е најопасен играч. Посебно ќе внимаваме на него, но играме на наш терен и очекувам добар резултат“, рече тренерот на Баерн, Ковач.

Нојер го познава Марин уште од времето кога тој беше дел од Бундеслигата и ги знае неговите квалитети.

„Секако дека го знам уште од времето кога играше во Вердер. И претходно имам слушнато дека го викаат белградскиот Меси. Мораме да бидеме стабилни во одбраната, а во нападот да бидеме креативни и да им создадеме проблеми на гостите“, рече Нојер.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести