Фудбалската федерација на Белгија ги повика сите свои навивачи кои ќе му дадат поддршка на нивниот национален тим на дуелот со Македонија в петок од 20.45 часот во Гент да бидат облечени во црвено.
И на македонското знаме доминира црвената боја, па и Фалангата ќе биде доминантно во црвено, а и стадионот од надвор ќе свети црвено, па средбата која може да биде клучна околу пласманот на СП 2026, ќе се игра во убава атмосфера и црвенило на сите страни.