28.8 C
Skopje
среда, 6 август 2025

Сите за еден, еден за сите – нема предавање

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва во СРЦ Кале го одржа својот последен тренинг пред заминувањето за Унгарија каде на 9-ти август гостува во вториот меч од претквалификациите за Светското првенство.

Македонија стартуваше со пораз дома од Романија, но тоа не ја расипа атмосферата во тимот, а сега следуваат две гостувања по ред, најпрвин кај фаворитот Унгарија, потоа и кај Романија. Утре Унгарците гостуваат кај Романија, па нашиот стручен штаб ќе има можност да го анализира противникот.

Инаку македонската експедиција утре лета прво до Истанбул, од таму до Будимпешта, а потоа со автобус ќе се упати кон Солнок каде в сабота ќе гостува против Унгарија. Дуелот со Романија е на 13-ти во Орадеа каде македонските кошаркари ќе заминат веднаш после гостувањето во Унгарија. За крај на циклусот, Македонија ќе игра дома против Унгарија.

- Оглас -

Најнови вести