Манчестер сити со 3:1 го победи Челзи во дербито на англиската Премиер лига и сега се искачи на четвртото место на табелата со 41 бодови, додека лондонскиот тим падна на шестата позиција со 40 бодови.
Лошо запона дуелот за Манчестер сити посебно за новото засилување Абдукодир Хусанов. Граѓаните за Хусанов платија 40 милиони фунти на француски Ленс и беше преставен како големо засилување. Сепак по неполни три минути поминати на теренот во дебито, Хусанов направи неверојатна грешка и подари гол на Челзи а се радуваше Нони Мадуеке.
Манчестер сити израмни пред крајот на првото полувреме. Јошко Гвардиол израмни со гол во 42 минута.
Во второто полувреме Сити беше поофанзивен и тоа го круниса со голот на Ерлинг Халанд гол во 68 минута за водство од 2:1.
Сите дилеми околу победникот беа решени кога Фил Фоден биеше прецизно за 3:1 во 87 минута.