1601 Тотенхем – Манчестер сити (17:30 ч.)
Англискиот првак Манчестер сити гостува во Лондон на Тотенхем во меч кој може да донесе дополнителна возбуда во трката за титулата. Сити ќе бара победа за да се доближи на само два бода до лидерот Арсенал, но ова е незгодно гостување за нив.
Традицијата вели дека Тотенхем има четири победи, едно реми и само три порази во последните осум средби со Граѓаните. Тоа што не оди во корист на лондонскиот тим е дека сезонава на четири од последните пет средби на свој терен имаат порази.
Предлог тип: 2 (1.82) – Квота од Супер тип
2847 Олимпик Марсеј – Ница (20:45 ч.)
Ако сака да остане во борба за титулата, тимот од Марсеј мора да победи на овој меч. Олимпик има седум победи и две нерешени во последните девет кола, што е дополнителен мотив за нив оваа низа да продолжи, но факт е и дека Ница влезе во добра форма и во последните четири кола освои 10 од можните 12 бодови.
На последните седум меѓусебни дуели, просекот на погодоци кога играат овие екипи е преку три и сега се очекува оваа ефикасност да продолжи.
Предлог тип: ГГ (1.86)
1809 Волфсбург – Баерн Минхен (17:30 ч.)
Как ретко кога Баерн Минхен е во низа од три нерешени во првенството, па затоа ја загуби комотната предност во однос на ривалите. Волфсбург дома има само еден пораз во осум меча сезонава, но кога се работи за мечеви против Баерн, баварскиот гигант е апсолитен фаворит со девет победи во последните 10 меѓусебни дуели.
Тоа што е уште повпечатливо е дека Баерн на последните 12 дуели против Волфсбург има секогаш постигнува барем по два гола.
Предлог тип: T2 1+I & 1+II (2.05)
1545 Порто – Визела (19 ч.)
Порто заостанува 11 бода зад лидерот Бенфика, но има и две средби помалку, што значи дека со евентуални шест бода, разликата ќе биде достижна. Порто во просек постигнува повеќе од два гола по меч, а Визела е екипа која игра дефанзивно, но тешко дека ќе се спаси од пораз.
Во последниве година дена, овие екипи одиграле пет меча и Порто секогаш победувал, а четири пати давал барем по три гола.
Предлог тип: T13-5 (2.26)
1956 Галатасарај – Трабзон (17:30 ч.)
Галатасарај е во неверојатна низа и има 14 победи по ред во сите натпреварувања. турскиот гигант последен пат киксираше на 23 октомври минатата година, кога ремизираше 2:2 на домашен терен.
Галатасарај нема победа на последните четири средби против Трабзон, па тоа е дополнителен мотив да ја прекине таа лоша низа.
Предлог тип: 1&0-3 (2.65)