15.8 C
Skopje
понеделник, 22 септември 2025

Сити, Барселона и ПСЖ имаат пеколни гостувања

6013 Лајпциг – Манчестер сити (21 ч.)

Двете екипи стартуваа со победи во Лигата на шампионите. Лајпциг ја покажа силата кога го победи Баерн Минхен во Суперкупот со 3:0, а во корист на германскиот тим оди и разнишаната самодоверба на англискиот клуб, кој загуби на последните два меча.

Овие екипи играа само пред неколку месеци во ЛШ, и тоа во осминафиналето од ланската сезона, кога во Германија дуелот заврши 1:1, а Манчестер беше брутален дома и победи со 7:0. Играа и во 2021 година, кога Лајпциг дома славеше со 2:1, а Сити на свој терен повторно беше многу убедлив со 6:3, што е само најава дека ќе има многу голови.

Предлог тип: ГГ4+ (3.15)

 

6014 Борусија Дортмунд – Милан (21 ч.)

Борусија Дортмунд секогаш атакува на бодови кога игра на свој терен, а Милан е ривал кој игра цврст фудбал. Милионерите освен поразот од ПСЖ во првото коло од ЛШ, во домашното првенство играат одлично и се без пораз.

Едноставно домаќините не смеат целосно да киксираат на овој дуел и барем еден бод треба да им биде „загарантиран“.

Предлог тип: 1Х&0-3 (2.05)

 

6011 Порто – Барселона (21 ч.)

Многу одамна овие два клуба не се сретнале на зелениот терен, иако се работи за два гиганти од Пиринејскиот Полуостров. Двете екипи секогаш негувале офанзивен фудбал и филозофијата е да се даде гол повеќе од противникот.

На последните седум меча на Барселона имало дури 30 погодоци, што е просек над четири на средба. Порто на свој терен секогаш оди на освојување бодови, па нема да му биде едноставно на каталонскиот гигант.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.82)

 

6012 Њукасл – ПСЖ (21 ч.)

Дуел на двата можеби финансиски најмоќни клубови во Европа. ПСЖ веќе со години е на врвот на оваа листа, а Њукасл таму се вгнезди од неодамна. Фактот дека пред неколку дена го победија Манчестер сити, им дава дополнителна самодоверба на Чавките.

ПСЖ го има најлошиот старт во сезоната во домашното првенство во последните 13 години, но во ЛШ стартуваше со победа над Борусија Дортмунд. Сепак, на Светците ќе им биде многу тешко да ги издржат нападите на англискиот тим.

Предлог тип: 1 (2.65)

 

6015 Селтик – Лацио (21 ч.)

Домашниот терен и атмосферата ќе бидат голема помош за Селтик, но според квалитетот, Лацио треба да е поблиску до трите бода. На последните седум средби, Селтик ниту еднаш не одигра со повеќе од три погодоци, па и овојпат тоа треба да е лимитот.

Предлог тип: Х2&0-3 (1.99)

 

- Оглас -

Најнови вести