-1.2 C
Skopje
недела, 14 декември 2025

Сити да победи, а Халанд да даде гол е комбинација со одлична квота во мечот на ривали кои кога играат „врне од голови“

Кристал палас сезонава има само еден пораз на свој терен во седум средби, но кога гостува Манчестер сити, тоа сигурно е посебен предизвик да се освојат бодови. Граѓаните на ова гостување доаѓаат со голем мотив, а тоа е да триумфираат и да останат во чекор со лидерот Арсенал.

Едноставно овој меч ги има сите предуслови да биде дерби со многу неизвесност и драматичност. Токму затоа, е дел од Специјалот на кој може да се одиграат безброј интересни комбинации.

Ерлинг Халанд сезонава е во одлилна форма и е вистински лидер на Сити. Токму затоа и не е изненадување што тој е главен фаворит за стрелец на првиот гол на гостувањето во Лондон кај Кристал палас. Вкупно 15 фудбалери се во понудата за стрелец на гол, а има и опција да се одигра дека ќе има и автогол.

Ако се погледне традицијата, на пет од последните седум средби на овие два тима биле постигнувани по 4+ погодоци, што треба да е најава за нов возбудлив меч со многу голови.

За мераклиите на статистичките податоци, има опции за обложување за бројот на доделени жолти картони, колку шутеви ќе има во рамките на головите на двата тима, колку корнери ќе бидат изведени, колку фаули ќе бидат досудени или колку пати фудбалерите ќе бидат во недозволена офсајд позиција.

Едноставно за овој меч има понуда за секого.

- Оглас -

Најнови вести