Сити дава 150 милиони евра за Кејн, од Тотенхем велат може, ама сменете ја валутата

Манчестер сити подготвува понуда од 150 милиони евра за да го купи Хари Кејн, но од Тотенхем се подготвени за продажба за таа сума, но во друга валута.

Спарс се подготвени да го продадат капитенот за 150 милиони фунти, што е разлика од околу 23 милиони евра од сумата што шампионот на Англија е подготвен да ја плати за Кејн.

Двете екипи играа меѓу себе во премиерното коло во Премиер лигата и Тотенхем без Кејн во составот успеа да го изненади шампионот на Англија и да слави голема победа со 1:0.

 

 

- Оглас -

Најнови вести