Сити до утре на врвот, Лукаку е херојот на „црвените ѓаволи“

Манчестер сити со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Борнмут, а со триумфот над „црешите“ до утре ќе престојат на врвот на табелата во Премиер лигата. Борнмут се покажа како тврд орев во првиот дел, но голот на Марез во 55-тата минута беше доволен за „граѓаните“ да стигнат до трите бода.

Манчестер јунајтед и Саутхемптон приредија вистинско гол-шоу на „Олд трафорд“ по пресвртот на домаќините од 3-2. Гостите изненадија преку Валери во 25-тата минута и имаа минимална предност по првите 45 минути. Избраниците на Солскјер брзо се вратија во игра, Переира во 53-тата минута израмни, а само шест минути подоцна Лукаку најави пресрт од 2-1.

Сепак, славјето на „црвените ѓаволи“ траеше до 75-тата минута, кога Вард-Проус изведе прекрасен слободен удар и го матираше Де Хеа за конечни 2-2. Одново во главна улога се најде Лукаку, а белгискиот голгетер во 88-та минута повторно му донесе предност на домашниот состав за конечни 3-2. Погба промаши пенал во судиското надополнување за победата да биде поубедлива.

Кристал палас со убедливи 3-1 славеше на гости кај Барнли, Брајтон минимално го победи Хадерсфилд со 1-0, додека Вулверхемптон со сигурни 2-0 беше подобар од Кардиф.

- Оглас -

Најнови вести