1132 Арсенал – Манчестер сити (21ч)
Сити три сезони по ред владее со англискиот Лига куп и планира да продолжи да доминира и по гостувањето кај Арсенал. Тешкиот предизвик за Топчиите доаѓа во најлош можен момент, кога екипата на Артета игра катастрофално и запиша само една победа во последните пет меча во сите натпреварувања.
Иако во куповите Арсенал го гледа спасот за успешна сезона, се чини дека на Лондончани патувањето ќе им заврши во четвртфиналето, ако се знае дека од 2015 година наваму само еднаш триумфираа против Граѓаните од Манчестер.
Сити во четири од последните пет гостувања на „Емирати“, во просек постигнуваше по речиси три погодоци, учинок кој може да се повтори вечерва.
Предлог тип: 2 & 2-4 (2.40)
3002 Јувентус – Фиорентина (20:45ч)
Бјанконерите не би требало да имаат проблеми во средбата со Фиорентина ако се знае дека веќе три години италијанскиот првак не знае за пораз од Виолетовите. Јувентус и по 13 кола во Серија А е непоразен заедно со Милан. Пирло дефинитивно ќе ја води екипата до нова победа и воедно да се одржи позитивниот биланс против Фиорентина.
Во последните шест меѓусебни дуели, тимот од Фиренца само еднаш успеа да го затресе голот на Старата дама, која пак во истиот период бележи просек од речиси два гола.
И со ангажманот на Прандели на тренерската функција, во редовите на Фиорентина не се сменија работите, па тимот уште од почетокот на сезоната е во битка за опстанок.
Предлог тип 1-1 & 2+ (2.35)
1304 Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид (19:45ч)
Сосиедад почна одлично, меѓутоа во декември уште нема остварено триумф во петте меча, од кои два ги загуби, а во три од нив ремизираше. Падот на формата значеше и препуштање на лидерската позиција на гигантите од Мадрид, а Атлетико вечерва има прилика целосно да го отпише Сосиедад од амбициозната трка за титулата.
Јорганџиите по поразот во градското дерби, се вратија на победнички патеки и целта на Симеоне е повторно да се воспостави серија победи, иако на „Аноета“ ќе биде прилично тешко да се освојат бодовите.
Во последните пет гостувања на Атлетико во Сан Себастијан, тимот на Симеоне трипати загуби, а славеше во два наврати, додека средбите на овие две екипи редовно го одржуваат просекот од најмалку два гола.
Предлог тип: ГГ3+ (2.75)
1305 Валјадолид – Барселона (22ч)
Иако составот на Куман немаше многу време за одмор по ремито со Валенсија, ова е шанса за Каталонците која мора да ја искористат за освојување три бода. Барселона држи максимален учинок против Валјадолид откако оваа екипа се врати во елитата пред две години, со тоа што Тер Штеген има примено само еден погодок во четирите последователни триумфи на Барса.
Секој нареден неповолен резултат ќе му го загрози работното место на Куман на „Камп ноу“, па затоа да се типува во корист на Каталонците, вечерва нема да биде грешка, а Меси ќе биде тој кој ќе ја донесе победата со оглед на тоа дека во 10 меча против Валјадолид брои седум погодоци.
Предлог тип: 2 & T2 2+ (1.67)
1544 Брага – Рио Аве (21:15ч)
Брага беше во одлична серија од шест победи во Примеира пред гостувањето кај Белененсеш во претходното коло. Во меѓувреме, повторно екипата влезе во победнички ритам со дуели од поратугалските купови и ЛЕ, па затоа домаќините имаат самодоверба дека ќе продолжат со добрите резултати и по средбата со Рио Аве.
Гостите се мајстори за ремија бидејќи во претходните девет кола дури петпати одиграа нерешено. Во лигашки рамки, Рио Аве нема победено кај Брага од 2013 година, а во наредните шест гостувања само двапати успеа да избегне пораз. Последниот меѓусебен дуел заврши со голеада од 4-3 во корист на Рио Аве, што значи дека Брага вечерва ќе се реваншира.
Предлог тип: 1 & 1+ второ (1.83)