-3.2 C
Skopje
среда, 14 јануари 2026

Сити доби фантастичен фудбалер: Семењо погоди и во победата над Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Манчестер сити и 13-ти натпревар по ред со сите натпреварувања не знаат за пораз, откако славеа со 0-2 на гостувањето кај Њукасл во првиот меч од полуфиналето на англискиот Лига куп и со него веќе се во големото финале.

Новото засилување на „граѓаните“, Антоан Семењо, постигна гол и на вториот меч за Манчестер сити, овој пат во 53-тата минута за водство од 0-1 на „Сент Џејмс парк“. Конечниот резултат го постави Рајан Шерки во 99-тата минута.

Реваншот помеѓу Манчестер сити и Њукасл ќе се одигра на четврти февруари, додека второто полуфинале го сочинуваат лондонските ривали, Челзи и Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести