Сити доминира против Лестер, но без Халанд не може да даде гол

Лестер и Манчестер сити играат без голови по првото полувреме во првиот меч од 14-тото коло во Премиер лигата.

Менаџерот на Граѓаните, Пеп Гвардиола, не може да смета на Ерлинг Халанд кој на дуелот против Борусија Дортмунд во ЛШ заработи повреда на стопалото, и тоа се почувствува во играта во првиот дел против Лестер.

Фудбалерите на Сити доминираа на теренот, имаа 66 отсто посед на топката, упатија четири шута во рамките на голот на Ворд, но резултатот остана непроменет. Кевин Де Брујне се закани два пати, прво во 14-тата минута, а потоа и во 27-тата со шутеви од шеснаесетина метри, но немаше опасност за Ворд.

На спротивната страна, Лестер се закануваше преку контранапади, во два наврати Харви Барнс шутираше кон голот на Едерсон, но Бразилецот беше сигурен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести