15.8 C
Skopje
недела, 13 јули 2025

Сити доминира со играчи во најдобриот тим во ЛШ, изненадување е изборот за МВП на сезоната

Манчестер сити стигна до најголемиот успех во клупската историја откако триумфира во Лигата на шампионите на УЕФА. Во големото финале, Сити славеше над Интер со 1:0.

По завршување на елитното европско натпреварување, УЕФА го објави и најдобриот тим за сезоната која тукушто заврши. Очекувано, доминираат фудбалери од Манчестер сити. Дури седуммина кои беа во стартниот тим на Граѓаните во финалето се дел и од најдобриот тим за сезоната. Меѓу најдобрите има место за Халанд, Бернардо Силва, Кевин де Бројне, Родри, Стоунс, Дијас и Вокер.

Финалистот Интер даде двајца играчи, и тоа Федерико Димарко и Алесандро Бастони. Двајца играчи има и од Реал Мадрид, и тоа Винисиус Јуниор и голманот Тибо Куртоа.

Изненадувачки беше изборот за најдобар фудбалер во ЛШ за сезоната. Иако многумина очекуваа тоа да биде Ерлинг Халанд, кој постигна 12 гола и беше прв стрелец во ова натпреварување, за најдобар фудбалер беше избран Родри, кој го постигна единствениот гол во финалето за победа над Интер.

- Оглас -

Најнови вести