Јувентус поведе против Манчестер сити со гол на Душан Влаховиќ, а ако Старата дама ги совлада Граѓаните, англискиот првак ќе биде дури 22-ри на табелата во Лигата на шампионите на две кола до крај, а во следното гостува во Париз кај ПСЖ.
За Влаховиќ ова е најплодна сезона во кариерата, барем според голови во елитното натпреварување. Досега немаше дадено повеќе од еден во сезона во ЛШ, а сезонава има веќе четири. Тој не ја затресе мрежата, но по неговиот шут со глава, топката ја мина гол-линијата.